Покана за присуство на 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти

Почитувани,

Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 22-от Јавен состанок, кој ќе се одржи на 30.05.2024 година (четврток) со почеток во 11 часот во конференциската сала на хотел Холидеј Инн во Скопје.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавниот состанок ќе го има следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање – активности на Агенцијата за пошти;
  2. Анализа на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија за 2023 година;

Во прилог е Агендата за настанот.

 

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса [email protected]  или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 29.05.2024 година (среда).

 

 

 

Покана за присуство на 22-от Јавен состанок на Агенцијата за пошти