Работен состанок на Агенцијата за пошти

На 20.02.2026 година (петок) со почеток во 12 часот, во конференциската сала на Хотел Солун се оддржа Работен состанок на Агенцијата за пошти.

Со цел да го продолжи транспарентното работење и на заинтересираните

страни да им овозможи да бидат запознаени со работата на Агенцијата, да им даде можност на присутните да ги изразат своите ставови и мислења за унапредување на состојбите во областа на поштенските услуги, Комисијата и Директорот на Агенцијата за пошти ги покани лиценцираните давателите на поштенските услуги да учествуваат состанокот кој го имаше следниот Дневен ред:

1.Состојба на пазарот;

2.Регулатива и активности;

3.Разно.

По првата точка од Дневниот ред, директорката на Агенција за пошти, Марина Тоневска информираше за состојбата на поштенскиот пазар во почетокот на 2026 година, за интересот на правните субјекти за влез на пазарот, за зајакнување на надзорната функција на Агенцијата, потребата од подобрување на системите за корисничка поддршка на лиценцираните даватели на поштенски услуги, за зголемување на обемот на меѓународните поштенските пратки кои се од дојдовен сообраќај, како и за активности кои се предвидени во Годишната програма за работа за 2026 година на Агенцијата.

По втората точка, претседателот на Комисијата на Агенцијата за пошти, Душан Бекриќ информираше за извршената промена на Правилникот за начинот на определување на бројот на поени и на вредноста на поенот за пресметување на годишниот надоместок, прецизно образложувајќи го основот и потребата за извршената промена. Понатаму, тој извести дека заради подобрување и усогласување со поштенската директива и со светските трендови, се работи и на измени и во Законот за поштенските услуги и дека за текот на процедурата, навремено ќе бидат известени и давателите на поштенските услуги. Исто така, тој најави и креирање на нов софтвер на Агенцијата, преку кој давателите ќе бидат дирекно поврзани со истиот, и на тој начин ќе им биде поедноставено доставувањето на податоците и информациите до Агенцијата кои се круцијално значење за навремена и прецизна анализа на истите. Поврзано со тоа, претседателот ги извести присутните дека се работи и на измена на Правилникот за видовите на финансиски податоци и информации поврзани со обезбедувањето на поштенските услуги и начинот на нивното доставување , и дека обврската за поднесување на извештаите ќе биде променета на квартално ниво наместо два пати годишно како што е моментално.

Претседателот Бекриќ информираше дека Министерството за транспорт и Владата се залагаат и се фокусирани кон обезбедување поголема поддршка на давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северена Македонија“ со цел да придонесат во подобрување на перформансите на давателот, кој е должен да ја обезбедува универзалната услуга секој работен ден , но не помалку од пет пати неделно, најмалку едно собирање и една достава на поштенските пратки кај секое правно или физичко лице.

            На состанокот, присутните беа информирани дека Агенцијата ќе спроведе ревизија на постојните лиценци, со посебен акцент на општите овластувања што овозможуваат обезбедување услуги за препорачани писма.

По третата точка – Разно, на претставниците на давателите на поштенски услуги им беше овозможено активно да се вклучат во дискусијата, да поставуваат прашања и да изнесуваат сугестии и предлози во врска со точките од дневниот ред, како и да отворат прашања за конкретни потешкотии со кои се соочуваат при обезбедувањето на поштенските услуги.

Ваквите работни состаноци со давателите на поштенските услуги и регулаторот се од особена важност за унапредување на целокупниот поштенски сектор. Тие претставуваат значајна платформа за отворен и конструктивен дијалог, размена на мислења, предлози, идеи и релевантни информации меѓу сите засегнати страни.

Преку ваквата соработка се зајакнува меѓусебната доверба, се идентификуваат предизвиците со кои се соочува пазарот и се креираат заеднички решенија насочени кон негово подобрување. Континуираната комуникација и партнерскиот пристап можат единствено да придонесат кон поефикасно функционирање, поголема транспарентност и унапредување на состојбата на пазарот на поштенски услуги.

 

 

Состанок даватели 1

 

Состанок даватели 2

 

Состанок даватели 3