Избор за најдобрите во македонската е-трговија за 2025 E-commerce Awards 2025.
На 11 март во Park by Ragusa во Скопје, во организација Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ) се одржа гала манифестација за E-commerce Awards 2025.
E-commerce Awards е национален избор за најдобрите во македонската е-трговија, организиран од АЕТСМ со цел да се препознаат и наградат најдобрите е-трговци, да се промовира е-трговијата и да се поттикне нејзино унапредување и конкурентностa.
На оваа манифестација беа доделени 38 награди во 18 категории, гласани од над 36.000 гласови од јавноста и 13 члена жири комисија. За е-трговец на годината за 2025 година беше избранa е-продавницата Coslovemetics - https://coslovemetics.mk/ .
За прв пат на оваа 5-та едиција како член на жири комисијата беше и претставник од Агенцијата за пошти, Ана Ковачевска раководител на директоратот за заштита на правата на корисници и ПР.
На настанот присуствуваше директорката на Агенцијата за пошти г-ѓа Марина Тоневска, како и претставници од неколку државни институции, од приватниот сектор како е-продавници, банки, претставници на даватели на поштенски услуги, маркетинг агенции е-платформи и логистика и други компании кои се дирекно вклучени во ланецот на електронската трговија.
Повеќе за методологијата на избор, за наградите и категориите можете да се информирате на следниот линк: https://ecommerceawards.mk/pobednici/








