Билатерална работилница

cefta


 

 

На 12 март 2024 година во Скопје, во организација на ГИЗ - Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа - надворешна трговија и учесници на ЦЕФТА ( Централно европски договор за слободна трговија), се одржа Билатерална работилница на тема: Техничка помош за регулаторни и не нерегулаторни мерки за подобрување на прекугранична достава на пакети во Република Северна Македонија.

На работилницата активно учество имаа претставници на Агенцијата за пошти, Министерство за транспорт и врски и АД Пошта на Северна Македонија. Од страна на експертите свои излагања имаа г-ѓа Александра Фратини, г-ѓа Естера Ракиќ и г-дин Звонко Кавран.

На Билатералната работилница свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за пошти г-дин Сретен Миладиноски.

Работилницата беше организирана во два дела:

  • Регулаторен дел кој даде осврт на Регулативата 2018/644 за прекугранична достава на пакети и примена во македонското законодавство, преку внесување на обврските од регулативата.
  • И втор дел посветен на квалитетот на поштенските услуги и мерењето на брзината на достава на поштенските пратки, обврска согласно Законот за поштенските услуги за давателот на универзалната услуга преку примена на Стандардите 13850 и 14508.

 

cefta 0

 

cefta 2cefta 3cefta 4