ИНФОРМАТИВЕН КАРАВАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ“

Стремејќи се да ја доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да ја подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот Правобранител, на 28-ми и 29-ти март 2024 година, ќе го спроведе својот прв информативен караван „АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“.

Реализацијата на пролетниот караван ќе опфати 4 едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во градовите Тетово, Кичево, Охрид и Битола.

На овие средби, ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата.

Динамика на реализација

Дневен ред

„АП ПОБЛИСКУ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ  УСЛУГИ“

28-ми и 29-ти март 2024 година

(Тетово, Кичево, Охрид и Битола)

Модератор- Ана Ковачевска – Раководител на Директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста

  1. Поздравно обраќање
  • Претставник од Универзитетот
  1. Обраќање - Директор на Агенцијата за пошти

проф. д-р Сретен Миладиноски

  1. Обраќање – Претставник од Канцеларијата на Народен Правобранител на Р. С. Македонија
  1. Улога на давателите на поштенски услуги
  • Олга Манчевска - Раководител на Директоратот за регулатива, лиценцирање и правни работи
  • Христина Трајчевска – Стручен советник за лиценцирање

  1. Права на корисниците на поштенски услуги
  • Ана Ковачевска – Раководител на Директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста
  • Мартин Спасовски – Соработник за решавање на спорови
  1. Прашања