ДЕН НА ЗЕЛЕНА ДОСТАВА

ЗД19

На 19.09.2024 година во рамки на Европска недела за мобилност 2024 се одвиваше активноста „Ден на зелена достава .

По тој повод, Агенцијата за пошти заедно со Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус, оствари соработка со националниот давател на универзалната услуга АД Пошта на Северна Македонија како и со седум лиценцирани даватели на поштенски услуги Карго Експрес ДООЕЛ увоз извоз Битола, ДХЛ Експрес Македонија ДООЕЛ Скопје, ИН ТИМЕ МК БПС ДОО Скопје (UPS), ТПЛ Тотал Пост Логистик ДООЕЛ Скопје, ИН ПОШТА РАДЕСКИ ДООЕЛ Скопје, ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДОО Скопје, ВИА ПОСТ ДООЕЛ Скопје, со цел да се промовира алтернативен и одржлив начин на достава на поштенски пратки, кој е пријателски настроен кон природата и граѓаните. 

На овој ден, во градовите Скопје, Тетово, Струга, Битола, Струмица како и во други градови во државата, давателите на поштенски услуги достaвата на одреден дел на поштенски пратки ја вршеа користејќи ги своите еко- пријателски превозни средства ( електрични автомобили, велосипеди, електрични тротинети и достава пеш) преку што придонесоа во заштитата на животната средина и докажаа дека се општествено одговорни компании. Доставувачите помогнаа да се намали јаглеродниот отпечаток и да се промовираат позелени навики и начини при обезбедувањето на поштенските услуги.

Темата на Европската недела на мобилност за 2024 година е  „Заеднички јавен простор“ која промовира јавен простор со многу придобивки за општеството и место со поголема социјална еднаквост, поголема безбедност на патиштата, помалку бучава и загадување на воздухот.

По овој повод од страна на организатори на оваа акција беше изготвено и промотивно видео .

 

ЗД1ЗД2ЗД3ЗД4ЗД6ЗД7ЗД8ЗД9ЗД10ЗД12ЗД12ЗД13ЗД14