Јавна седница на Агенцијата за пошти
Агенцијата за пошти има чест да ве покани на Четиринаесеттата Јавна седница и промоција на кампањата „Твојата пратка во безбедно сандаче", која ќе се одржи на 20.12.2019 година (петок), во 11:00 часот, во хотел Холидеј Ин, сала Милениум 2.
Кампањата „Твојата пратка во безбедно сандаче" има за цел да ги промовира придобивките од поставување на куќни поштенски сандачиња. Во таа насока, Агенцијата за пошти ќе укаже и на можноста за примена на Европскиот стандард EN 13724 во врска со поштенските сандачиња.
Кампањата е дел од Твининг проектот кој започна со реализација во декември 2018 година и е резултат на одличната соработка помеѓу Агенцијата за пошти, Делегацијата на ЕУ, Министерството за јавни работи на Шпанија и Меѓународната Иберо-Американска фондација за администрација и јавни политики.
Во продолжение ви ја приложуваме агендата за настанот.