Донесена Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година

Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги ( Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесe Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година.

Надзорот ќе се врши  над спроведување на одредбите на Законот за поштенските услуги, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:

  • пристапот до универзалната услуга;
  • квалитетот на обезбедување на универзалната услуга;
  • обезбедување пристап до поштенската мрежа;
  • примена на цените на универзалната услуга;
  • имплементација на сите акти донесени од страна на Агенцијата, и
  • над други работи утврдени со овој закон и над прописите и другите општи акти донесени врз основа на него.

Целта на надзорот е преку примена на постојните законски одредби да се подобри квалитетот на поштенскиот сектор во Република Северна Македонија.

 

Годишна програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2022 година.