Соопштенија

ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ

12.06.2014
ШТО СЕ ГУБИ КОГА РАКОПИСОТ БЛЕДНЕЕ
Дали ракописот е важен? Не многу, според многу воспитувачи. Општите Основни стандарди, кои се усвоени во повеќето американски држави, наложуваат учење на разбирливо пишување, но само во градинка и прво одделение. После тоа, вниманието брзо се насочува кон ефикасност на тастатурата.

ИЗБРАНО НОВО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ПОШТЕНСКИ РЕГУЛАЦИЈА

05.06.2014
Една од главните точки на 49-тата CERP (Европски Комитет за поштенска регулација) Пленарна седница која се одржа во Скопје на 29 и 30 мај 2014 год. беше избор на ново претседателство на CERP односно претседател и двајца заменици на претседателот.

Официјалното доделување на наградите

28.05.2014
Официјалното доделување на наградите
Официјалното доделување на наградите на наградниот конкурс „НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“ се одржа на 23 мај (петок) во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“,

49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација)

28.05.2014
49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација)
Агенцијата за пошти ја имаше честа да биде домаќин на 49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација) која се одржа на 29 и 30 мај 2014 година во Скопје, Република Македонија. На 49-тата Пленарна седница на CERP учествуваа претставници од триесет земји, членки на CEPT (Конференција за пошти и телекомуникации). Воедно на Пленарната седница присуствуваа и претставници од: Европска Комисија, Светски Поштенски Сојуз, Федерална Агенција за интерактивен директен маркетинг, EMOTA, PostEurop.

Добитниците на наградите и пофалените по конкурсот за најдобро писмо

14.05.2014
Добитниците на наградите и пофалените по конкурсот за најдобро писмо
Организаторот на овој конкурс, Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија свои писма. Во трите категории пристигнаа вкупно 725 писма. Седум члената жири комисија имаше навистина тешка задача да одбере по 3 писма во секоја категорија, кои ќе добијат парични награди, затоа одлучи дополнително да пофали 26 учесници.

Измената на Законот за поштенските услуги

17.02.2014

Собранието на Република Македонија ја донесе измената на Законот за поштенските услуги ("Службен весник на Република Македонија" број 27 од 05.02.2014). Измената на законот стапи на сила на 13.02.2014 година.

Со измената во член 92 од Законот, одложен е датумот на целосна либерализација на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2 години.

Билатерална средба со претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија

28.01.2014
На 29 и 30 јануари 2014 во просториите на Агенцијата за пошти се одржa билатерална средба помеѓу претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија и Агенцијата за пошти. Целта на билатералната средба e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на регулацијата на поштенскиот сообраќај во двете земји како и перспективите со можни бариери за понатамошен развој на поштенските услуги на Европскиот и Светскиот пазар.

ГОРАН ПАНДЕВ и АП во зедничка кампања „СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“

26.12.2013
Ни претставува особено задоволство да Ве информираме дека кампањата во рамките на активностите на Агенцијата за пошти за промоција на поштенските услуги и филателијата во Македонија беше поддржана од нашиот светски познат фудбалски мајстор, напаѓачот на фудбалскиот клуб Наполи, денес и официјално стартува под име: СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ.

Иницијатива за ослободување на интернет-шопинг до 150 евра од царина

26.12.2013
Иницијатива за ослободување на интернет-шопинг до 150 евра од царина
Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.

Да ги вратиме новогодишните честитки и рачно пишуваните писма

20.12.2013
Да ги вратиме новогодишните честитки и рачно пишуваните писма
Не постои технологија или начин на комуникација што се поинтимни од испишаното мастило на лист хартија. затоа ќе се обидеме преку кампања во македонија да ги промовираме убавото пишување и испраќањето писма, вели Влатко Атанасоски, директорот на агенцијата за пошт