Престанува да важи Стандардната дозвола на ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Прилеп
18.11.2013
Оваа година истекуваат дозволите издадени според стариот Закон за поштенските услуги на 3 поштенски оператори, кои веќе немаат интерес да работат во поштенскиот сектор. На 31.05.2013 Бајк Експрес Диливери ДООЕЛ Скопје, давател на поштенски сулуги кој работеше во локални рамки, на доставно подрачје на град Скопје, престана да врши поштенска дејност. На крајот на месец ноември престанува да важи Стандардната дозвола на ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Прилеп. |
По овој датум Жијани Торпедо го губи статусот на давател на поштенски услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај и не смее да врши поштенски услуги. На крајот на годината на 31.12.2013 истекува важењето на дозволата и на Сторм МАКС ДООЕЛ Скопје, поштенски оператор од помало локално значење.