ИЗБРАНО НОВО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ ЗА ПОШТЕНСКИ РЕГУЛАЦИЈА

Една од главните точки на 49-тата CERP (Европски Комитет за поштенска регулација) Пленарна седница која се одржа во Скопје на 29 и 30 мај 2014 год. беше избор на ново претседателство на CERP односно претседател и двајца заменици на претседателот.

Делегатите на земјите членки на CEPT (Конференција за пошти и телекомуникации) врз основа на претходно спроведена постапка за избор на ново CERP Претседателство, со акламација го избраа новото претседателство на CERP, во состав:

  • д-р Љубиша Митевски за претседател на CERP и ко-претседател на претседателството на CEPT од Агенцијата за пошти на Република Македонија
  • Г-дин Egil Thorstensen за заменик претседател од Министерството за транспорт и комуникации на Норвешка
  • Г-ѓа Anna Karolak-Woźniak за заменик претседател од Министерството за администрација и дигитализација на Полска

Новото претседателство на CERP во согласно со Правилата и процедурите на CERP е со мандат од три години односно до првата Пленарна седница во 2017 год.

Воедно на 49тата CERP Пленарната седница, новото претседателство избра и нови претседатели на  работните групи во рамките на CERP, во состав:

  • Г-дин HACH Andreas за претседател на CERP WG Policy од Федералното Министерство за транспорт, Иновации и Технологија на Австрија
  • Г-дин Egil Thorstensen за претседател на  CERP WG UPU од Министерството за транспорт и комуникации на Норвешка
  • Г-дин Dammann Ulrich за привремен претседател на Task Force Communication од Федералната Агенција за Мрежи на Германија.

Мандатот на ново избраните претседатели на Работните групи во рамките на CERP во согласност со Правилата и процедурите на CERP, исто така е со времетраење од три години.

Изборот на Г-дин д-р Љубиша Митевски вработен во Агенцијата за пошти на Р. Македонија за претседател на CERP, претставува голема чест која ја дадоа земјите членки на  CERP која е резултат на севкупните активности и допринос  на Агенцијата за пошти во рамките на регулацијата на поштенските услуги. Воедно обавување на функцијата Претседател на CERP во наредните три години, претставува предизвик за регулација на пазарот на поштенските услуги во која голема улога има CERP, особено во услови на зголемените потреби на корисниците и развојниот тренд на новата технологија за комуникации.