Хуманитарна аукција

Хуманитарна аукција

Во организација на Агенцијата за пошти, на 26.12.2014 година, во кафе-бар „Форца“ за прв пат се одржа донаторска аукција на уметнички и литературни дела. Оваа манифестација беше од хуманитарен карактер.

Средствата кои беа собрани ќе бидат донирани на Здружението за цистична фиброза.
Предмет на аукцијата беа уметнички дела донирани од авторите Сергеј Дамовски, Стефан Хаџи-Николов, Данчо Ордев, Живко Поповски Цветин, Мајкл Клос, потоа уникатни спортски реквизити со автограм од играчите на ракометниот клуб Вардар, личен предмет од музичарот Влатко Стефаноски и други предмети со посебно значење.

Водител на хуманитарната аукција беше ТВ презентерот Огнен Јанески, а музички гости беа 4 Strings.

Image
aukcija1.jpg
Image
aukcija2.jpg
Image
aukcija3.jpg