54-иот Пленарен состанок на CERP

54-иот Пленарен состанок на CERP

Агенцијата за пошти беше домаќин на 54-иот Пленарен состанок на CERP, кој  се одржа на 12 и 13 Јуни во Скопје. Овој Пленарен состанок беше во рамките на ЕУ- Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти“. На истиот присуствуваа околу 80 учесници од преку 20 земји, претставници на министерства, регулатори и меѓународни организации од поштенскиот сектор.

На состанокот свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата г-ѓа Аврамоска –Ѓореска која истакна:

“На ова исто место пред 5 години се одржа 49-тата пленарна седница на ЦЕРП. Во изминатите пет години темпото кое го диктираше дигитализацијата, брзиот развој на е-трговијата, автоматизацијата на поштенските процеси значајно го промени пејсажот во светот на поштенската комуникација и доставата на пратки. Во таквата нова и динамична средина, регулаторните практики сеуште се еден од значајните фактори кои влијаат на идниот развој на таа нова средина”.

Притоа нагласи дека ”Паралелно со промената на традиционалниот бизнис модел на назначените поштенски оператори, регулаторите треба да имаат јасна претстава за пазарните трендови кои ја обликуваат иднината на секторот воопшто. Гледајќи кон иднината се надевам дека ЦЕРП ќе биде темелот на кој ќе се гради иднината на поштенскиот сектор врз основа на продлабочена соработка меѓу операторите, регулаторите, корисниците и деловните компании, подготвени за прифаќање на новите можности за развој и напредок”.

Дискусиите на пленарниот состанок на ЦЕРП ги потенцираа постојаните разлики во позициите за реформа на терминалните трошоци, како и за идната измена на регулаторната рамка во Европската Унија.
Европските земји членки на Светскиот Поштенски Сојуз ги наведоа своите преференци за трите различни опции за реформа на терминалните трошоци
 за кои ќе се дискутира на претстојниот Вонреден Конгрес во
септември. Посебна панел дискусија откри дека многу поштенски регулаторни тела не се за суштински измени во Директивата за поштенски услуги, и покрај
индикациите од Европската Комисија дека може да има измена на истата во 2020/21 година.

На првиот панел на кој учествуваа Масахико Метоки (Јапонска Пошта и претседател на Советот за поштенски операции на UPU), Јост Калаерт (БИПТ, Белгија), Жан Пол Форсвил (Француска Пошта), Катрин Гримсеид (НКОМ, Норвешка), Бруно Базилиско (Копенхаген Економикс), Алекс Дике (ВИК Консалтинг) и Питер Дан (Кулен Интернешнл), се разговараше за постојните опции за реформа на системот за терминалните трошоци.
Земјите -членки на UPU неодамна гласаа за одржување на Вонреден Конгрес на кој ќе се одлучува за една од трите можни опции за реформа:

 

Опција А: задржување на тековниот пристап кон поставување на терминални трошоци, но со забрзување на зголемувањето на истите, веќе предвидени по Истанбулскиот Конгрес од 2016 година;

Опција Б: дозволувајќи им на земјите членки на UPU сами да ги одредат нивните стапки на терминални трошоци, предмет на caps заснован на домашни тарифи; и
Опција Ц: опција за компромис (конвергенција), дозволувајќи само -декларирани стапки, но користење на 70% до тарифен однос и шестгодишен период на транзиција.

На следниот панел,на кој учествуваа Ленарт Грундберг (Европската комисија), Христос Апостоло (ЕЕТТ, Грција), Жан Пол Форсвил (претседател на ПостЕуроп), Бруно Басилиско (Копенхаген Економикс), Алекс Дике (ВИК Консалтинг) и Питер Дан (Кулен Интернешнл) се разговараше за прашањата околу идната измена на европската регулаторна рамка.

Бидејќи следната година се избори за претседател и заменик претседател на Светскиот поштенски сојуз, четворицата кандидати кои се претенденти за лидерските позиции во UPU, ги претставија своите визии за УПУ и објаснија како би пристапиле кон нивните функции, доколку бидат избрани.
Паскал Кливаз (Заменик генерален директор на УПУ) и Масахико Метоки (Јапонска Пошта и претседател на Советот за поштенски операции на UPU) се кандидираат за позицијата Генерален директор на Светскиот Поштенски Сојуз.
Марјан Освалд (Словенска Пошта) и Јонус Џибрине (Генерален секретар на Пан Африканската поштенска унија) се кандидираат за  Заменик Генерален директор на Светскиот Поштенски Сојуз.

На третиот панел, на кој учествуваа Мирјана Јанковиќ (Агенција за пошти), Ева Пикос (Постојан твининг советник, ФИИАПП, Шпанија) и Никола Трубинт (потпретседател на ЦЕРП), се разговараше и презентираше техничка соработка меѓу поштенските администрации во Европа. Тие го истакнаа Твининг проектот со кој Шпанија ја поддржува Северна Македонија во насока на подобрување на домашната регулаторна рамка за поштенска регулација.
                 Следниот пленарен состанок на CERP ќе се одржи во Љубљана, Словенија во мај или јуни 2020 година.