Насоки за постапување на давателите на поштенски услуги согласно измената на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија

 

Согласно последната измена на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која  се забранува движење на населението од понеделник до петок  во временски период од 16:00  до 05:00 часот наредниот ден,  како и се забранува движење на населението во временски период од 16:00 во петок до 05:00 часот во понеделник  (објавена во „Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020 од 06.04.2020 година, а во примена од 08.04.2020 година), Агенцијата за пошти  до давателите на поштенски услуги ги дава следните насоки и задолженија:

1. Од понеделник до петок, давателите на поштенски услуги да го организираат работното време на првата смена во рамки на временскиот период во кој нема органичување на движењето, при што крајот на работното време на првата смена да биде најдоцна до 15.30. часот.  Ова задолжително важи за администрацијата во просториите  и за администраторите во процесот.

2. Од понеделник до петок, давателите на поштенски услуги да го организираат работното време во втората, третата и четвртата смена како и досега, а на вработените да им издадат дозволи за движење од работодавачот, на свој меморандум, со податоци согласно прифатениот образец кој го доставуваме во прилог.

3.  Според потребите на работниот процес  на давателите на поштенски услуги, за работа во прва, втора и трета смена  во саботите,  на вработените да им се издадат дозволи за движење од работодавачот.

4. Давателите на поштенски услуги кои од понеделник до петок имаат поинаква организација на работното време при што првата смена на куририте, доставувачите и магационерите како и на супервизори и администратори, им завршува по 16 часот, задолжително да издадат соодветни дозволи за движење од работодавачот за тие вработени.

5. Давателите на поштенски услуги кои работат во мрежни модели  кои вклучуваат  други правни лица како нивни агенти или подизведувачи, на вработените во другото правно лице (курири, доставувачи и возачи)  задолжително да им издадат дозволи за движење  на свој меморандум, со дополнително впишан податок каде е вработено лицето и бројот на договор за соработка со тоа правно лице. Другото правно лице-подизведувач,  на свој меморандум за истите вработени да издаде иста таква дозвола за движење со истите податоци. Доколку се користат доставувачи по договор за дело, во дозволата се цитира бројот и датумот на договорот.

6.  Сите издадени дозволи за движење да се издадат во најмалку два примерока од кои еден му се дава на вработениот, а еден  се чува во архивата на давателот.

7.   За сите издадени дозволи за движење, давателите се должни да испратат список со потребни податоци за вработените за кои издале дозволи (име презиме , работно место и работно време, како и број и датум на договорот за надворешни соработници) до Агенцијата за пошти по електронска пошта на адреса [email protected] . во рок од 1 ден од нивното издавање.

Агенцијата во целост ги разбира предизвици со кои се соочуваат давателите на поштенски услуги и во таа насока продолжува континуирано да ја следи состојбата и да превзема соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз работењето на давателите на поштенските оператори.

 Со заемно одговорно однесување на сите чинители на пазарот за поштенски услуги  можеме побрзо и полесно да ја пребродиме оваа ситуација.

 

Обрзец36.84 KB