Препораки од Агенцијата за пошти: Како до безбедно онлајн купување и сигурна достава

КАКО-ДО-БЕЗБЕДНО-ОНЛАЈН-КУПУВАЊЕИ-СИГУРНА-ДОСТАВА

Деновиве сме опкружени со многу информации, препораки и содржини поврзани со Коронавирусот (COVID19). Новонастанатите ситуации, пред сè ширењето на овој вирус, можат да го загрозат здравјето на голем број од граѓаните. Како и во повеќето земји низ светот така и кај нас, Владата, ресорните министерства и локалните власти преземаат сериозни мерки со кои се ограничува и контролира ширењето на оваа заразна болест.

Во време кога социјалната дистанца и само-изолацијата преминуваат во нормално однесување иницирано од државните мерки, а со цел да се спречи ширењето на оваа пандемија, забележуваме дека нашите сограѓани значително ги одбегнуваат собирите и метежот кои беа секојдневие пред големите супермаркети, отворените пазари, банките, продавниците кои нудат различни производи и услуги,а во замена на сето тоа пристапуваат кон онлајн купување. Сето ова е очекувано, бидејќи е намалена интеракцијата помеѓу луѓето преку ограничување на близината и личниот контакт, а сепак потребите за храна, медицински производи, основни продукти за лична хигиена, облека и други стоки мора да се задоволат.

Настаната ситуација придонесува со забрзан чекор да се поттикне електронската трговија и во нашата држава, па во таа насока и да се зголеми бројот на онлајн нарачките и тоа со достава до врата.

Доколку се најдете во улога на купувач преку електронските помагачи (телефони, компјутери, таблети и сл.) пред да започнете со процесот на е-купување, Агенцијата за пошти Ви препорачува задолжително да направите проверка на онлајн продавницата од која сакате да пазарите. Ова е неопходно да се направи бидејќи на електронскиот пазар постојат и лажни електронски продавници.

 

Лажни е-продавници и проверка на истите

 

Не секој поединец или фирма кои што се претставуваат дека се онлајн продавници се веродостојни продавници. Ова можеме да го забележиме најчесто на социјалните мрежи. Знаеме дека секој поединец може брзо и едноставно да креира лажен профил на некои од социјалните мрежи (Facebook, Instagram итн.) и да нуди продажба на производи и истите со помош на курирска достава да ги доставува до вратата на купувачот. Според сознанијата на Агенцијата за пошти, на ваквите е-продавници најчесто се нуди текстил, обувки, електронски апарати, козметички и хигиенски производи како и детски играчки.

Веб-продавниците кои се рекламираат дека вршат продажба на различни производи и услуги, исто така, треба да се проверат дали навистина постојат како официјално регистрирани трговци (во Централниот регистар на Република Северна Македонија или Управата за јавни приходи).

За да се поедностави процесот доволно е да се побараат информации за компанијата која стои зад електронската продавница,односно адреса на компанијата и евентуална локација, контактни податоци - како телефонски број, активна е-маил адреса и сл.

Друг начин за проверка за сигурноста на е-продавниците е поседувањето на дигитален сертификат односно дали во пребарувачот на почетокот од лентата за линкот постои зелен катанец кој означува дека конекцијата е безбедна. Со кликањето на катанчето може да се провери кој го издал сертификатот и кој одговара за неговата валидност.

Исто така, при проверка на валидноста на е-продавниците треба да се внимава и на сомнителни „скокачки прозорци“ односно дали се наоѓате на истата веб-страница од каде што излегол прозорецоти да се обрне внимание на рекламните банери кои пренасочуваат на друга веб-страница или пак на страници кои имитираат други со цел да соберат лични податоци и приватни информации. Ваквите страници може да се препознаат според доменот (=domain) на веб-страницата во лентата за линк, односно при секое пренасочување да се внимава дали се сменил доменот или истиот е сомнителен.

 

Какви платежни методи најчесто се користат при онлајн купувањето?

 

Електронските продавници кои имаат визуелно добро организирани веб-страници,нудат информации за своите потрошувачи од типот на информации за производите кои ги нудат,услови за користење, политика на приватност, помош при купување, начин на плаќање, услови за испорака, рекламации и сл.

Начинот на плаќање за одбраниот производ или услуга најчесто се врши со помошна платежни картички или со готовина,што е избор на купувачот.

Плаќањето преку платежни картички се врши со внесување на податоците од картичката и истите не се зачувуваат ниту пак се пренесуваат преку серверот на е-продавницата. Најчесто секоја направена трансакција подлежи на авторизација-период во кој износот на трансакцијатае резервиран, но не и повлечени од картичката, заради дополнителна потврда на достапноста на нарачаниот производ. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг-систем на банката која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога се врши плаќањето и се внесуваат податоците, истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката и тие податоцине се видливи за е-продавницата.

Следен чекор е доставувањето на производот до адресата на купувачот. Оваа активност е доделена на лиценцираните поштенски оператори. Тие го преземаат производот од испраќачот (од е- продавницата) кој што е соодветно обликуван во пратка ииздаваат адресница со единствен бар-код т.е. број на праткатаи на истата се впишуваат податоците за испраќачот и за примачот (име, презиме, адреса, телефонски број, количина,вид на пратка, датум на прием и датум на доставување на пратката итн). Откако во однапред определено време пратката ќе биде доставена односно врачена на примачот, тој го потврдува својот идентитет и во адресницата своерачно потпишува за приемот на пратката. На овој начин доставата на пратката е уредно извршена и од тој момент пратката е во сопственост на примачот (купувачот).

Плаќањето во готовина претставува активност која е составена од поштенска и финансиска услуга. Поштенската услуга го опфаќа делот во кој поштенскиот оператор го презема одбраниот производ од испраќачот (е-продавницата) и како пратка со откупнина истата ја доставува на адреса на примачот (купувачот). Откако примачот ќе се легитимира, доставувачот му ја врачува пратката и за истата од примачот добива готовина - паричен износ кој е впишан во адресницата од страна на испраќачот. Наведениот износ претходно е договорен помеѓу испраќачот и примачот и треба да биде вратен назад на испраќачот.

Без разлика кој начин на плаќање ќе го одбере купувачот, по приемот, во случај содржината на пратката да не соодветствува со производот/производите што се нарачани,одговорноста паѓа на страната на продавачот т.е. на е-продавницата.

Во повеќе наврати, Агенцијата за пошти им укажува на купувачите-примачи на пратки, дека купување од непроверени профили на социјалните мрежи претставува голем ризик и дека поштенските оператори не одговараат за содржината на пратката. Поштенските оператори можат да преземат одговорност само за губење или целосно оштетување на пратката, за делумно оштетување или ограбување на истата или пак за пречекорување на рокот за достава.

Агенцијата за пошти ја поддржува е-трговијата и онлајн нарачките и ги охрабрува потрошувачите да имаат доверба во македонските е-продавниции да купуваат од нив бидејќи домашната понуда е зголемена и успева да ги задоволи потребите на купувачите кои се одлучуваат за електронско пазарење. Со ваквиот чекор ќе придонесеме и за развој на домашната економија.