Одржан 01-от состанок на Комисијата на Агенција за пошти во 2021 година
Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и “Службен весник на Република Северна Македонија”бр.275/2019 и 107/2020), Комисијата на Агенција за пошти, на предлог на директорката, на седницата одржана на ден 21 јануари 2021 година, преку апликацијата zoom:
- го одобри Четвртиот Квартален Извештај за спроведување на Годишната Програма за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година.
Воедно, на состанокот, Комисијата на Агенцијата за пошти го разгледа Предлог Планот за јавни набавки на Агенцијата за пошти за 2021 година поднесен од директорката, од аспект на негова усогласеност со Финансискиот план за 2021 година. Комисијата оцени дека истиот е во согласност со приходните и расходните ставки од Финансискиот план за 2021 година.
Оттаму, врз основа на член 75 од Законот за јавните набавки (“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/19), а согласно Финансискиот план на Агенцијата за пошти за 2021 година, Комисијата на Агенцијата за пошти,
го донесе Планот за јавни набавки на Агенцијата за пошти за 2021 година.