СТАТИСТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ - за 1-во полугодие од 2020 година споредбено со 1-во полугодие од 2019 година
Агенцијата за пошти согласно своите надлежности за следење и анализа на пазарот изготви Статистички извештај за првото полугодие за 2020 година, споредбено со 2019 година за истиот период.
Анализите покажуваат дека првото полугодие 2020 година има намалување на вкупниот обем изразен преку сите поштенски услуги, споредбено со истиот период во 2019 година.
Намалување на остварениот обем најмногу се должи пред се на состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, и променетите услови за обезбедување на поштенските услуги.
Основната цел на Извештајот е да ги илустрира состојбите на поштенскиот пазар, комбинирајќи ги податоците од првото полугодие од 2020 година, со компаративен пристап на податоците од првото полугодие од 2019 година и на тој начин да се даде слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор, односно дали одредени услуги се во опаѓање или зголемување.
Воедно, целта е овој Извештај да има и практична, корисна и употреблива вредност, како за давателите на поштенските услуги кои веќе работат во секторот, така и за компаниите кои планираат да влезат на овој исклучително динамичен пазар.
Статистички Извештај за 1-во полугодие од 2020 година споредбено со 1-во полугодие од 2019 година