АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ПРИОРИТЕТ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ПОШТЕНСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Агенцијата за пошти, на ден  09.04.2021 година поднесе барање за приоритет во постапката за вакцинација до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство.

Во поштенскиот сектор работат 3455 вработени (2275 во АД Пошта на Северна Македонија и 1180 кај останатите даватели на поштенски услуги), кои секојдневно вршејќи ги своите работни ангажмани се движат со голема динамика во комуникација и директен контакт со граѓаните при прием и достава на пратки и други поштенски услуги. Поштенските работници се дел од критичната инфраструктура, како што се здравствените работници, вработените во полицијата, Армијата, комуналните служби, образованието, и другите даватели на услуги на кои природата на работа им е поврзана со секојдневен физички контакт со граѓаните.