Работна средба на директорката Аврамоска – Ѓореска со директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија

Директорката Билјана Аврамоска Ѓореска оствари работна средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија – ИСРСМ, м-р Џеват Кицара.

Главна тема на средбата беа прашања од заемен интерес за Агенцијата за пошти, како регулаторно тело од областа на поштенските услуги, (која воедно е и членка на ИСРСМ) и ИСРСМ - Институт за стандардизација на Република Северна Македонија како национално тело за стандардизација на Република Северна Македонија. Се разговараше и за идно членство во еден од техничките комитети на ИСРСМ.

 Аврамоска Ѓореска и Кираца посочија дека меѓусебната соработка  ќе продолжи и во иднина.

 

 

Image
Слика-1
Image
Слика-2