Информација за 16-та јавна седница на Агенцијата за пошти
Денес, 11 Јуни 2021 година, Агенцијата за пошти ја одржа својата Шеснаесетта Јавна седница, виртуелно преку комуникациската платформа ZOOM.
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во изминатиот период. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со плановите и програмите за делување во идниот период.
На јавната седница присуствуваа претседателот и членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти, претставници од Министерството за транспорт и врски, претставници на давателот на универзалната услуга АД Пошта на Северна Македонија – Скопје, како и претставници на давателите на поштенски услуги.
На јавната седница беа презентирани Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2020 година, информација за превземените активности врз основа на надлежноста за вршење надзор, информација за зголемиот интерес за добивање на општо овластување, како и информација за превземените активностите во насока на заштита на корисниците на поштенските услуги и идните планови.
Воведно излагање на јавната седница имаше директорката на Агенција за пошти, г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, која истакна дека надлежност на Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело е да го следи и регулира развојот на поштенскиот пазар и да врши надзор и контрола на работењето на давателите на поштенските услуги.
Овие активности беа дополнително истакнати во периодот на пандемијата. Ја следевме еволуцијата на состојбата на поштенскиот пазар, обезбедувавме редовно ажурирани информации, совети и препораки и до давателите на поштенските услуги и до корисниците, насочени кон обезбедување на поштенските услуги
- додаде директорката Аврамоска Ѓореска.
Пандемијата се покажа како жежок експеримент, но и како тест за релевантноста и приспособливоста на услугите кои постојат повеќе од еден век, поштенските услуги
– нагласи Аврамоска Ѓореска.
На јавната седница беше презентиран Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2020 година од страна на раководителката на Директоратот за анализа на пазарот, г-ѓа Данијела Спасиќ – Томовска.
(Интегралниот текст на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2020 година објавен во целост на веб страната на Агенцијата за пошти)
Во своето излагање на јавната седница, директорката на Агенција за пошти, г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, говореше за работата на Агенцијата за пошти во периодот јануари – јуни 2021 година, со акцент на следниве теми: либерализацијата на поштенскиот пазар, лиценцирањето, инспекцискиот надзор врз нелиценцираните правни лица кои обезбедуваат поштенски услуги и заштитата на правата на корисниците, како и идните планови и проекти.
По осум години од почетокот на активностите и неколку одложувања, од почетокот на годинава настапи целосна либерализација. Тоа значи дека престанаа да постојат ценовните монополи за поштенските услуги за пратките за коресподенција и пратките со директна пошта, со маса до 50 грама, односно резервираните услуги кои беа загарантирани со Законот за поштенските услуги. Предизвиците на кои се фокусира Агенцијата во услови на веќе либерализиран поштенски пазар се одржливост на универзалната услуга, постоење на фер конкуренција и грижа за корисниците на поштенските услуги. Континуирано го следиме поштенскиот пазар, ги прилагодуваме своите регулаторни инструменти и алатки соодветно на приоритетите кои сме ги идентификувале, во насока на креирање амбиент за фер конкурентски натпревар во интерес на сите учесници.
Очекувањата дека со либерализацијата ќе се зголеми квалитетот на поштенските услуги, подигнување на задоволството на корисниците од поштенските услуги, пораст на пазарната конкуренцијата, се потврдија
– истакна директорката Аврамоска Ѓореска.
Клучни поенти од излагањето на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска
- Во периодот од јануари до јуни 2021 година во поштенскиот сектор се бележи до сега незабележан интерес за влез. Овој период поднесени се вкупно 16 нотификации за добивање на општо овластување, поведени на барање од 12 правни лица, од кои 11 се сосема нови во поштенскиот сектор.
- Од 11- те нови субјекти на пазарот на поштенските услуги, општи овластувања издадени се на шест (6) правни субјекти, за 2 (два) субјекти постапките се во тек, додека за 3 правни субјекти постапката е запрена или е донесено решение за одбивање.
- Состојбата со лиценцирани даватели на 10.06.2021 година е следна:
- 46 правни лица со Општо овластување за обезбедување поштенски услуги и
- А.Д „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје со Индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга, или
- вкупно 47 даватели на поштенски услуги.
- Состојбата со лиценцирани даватели на 10.06.2021 година е следна:
- Во насока на креирање амбиент за фер конкурентски натпревар во интерес на сите учесници, ги подигнавме стандардите за издавање на општо овластување во насока на задолжително брендирање на возилата и поседување на службена легитимација т.е. идентификација која ќе служи за докажување на службеното ствојство и за која ќе има обврска да се покаже при доставата на поштенските пратки. Ова сега во натамошниот период ќе биде и предмет на увид и контрола.
- Ова е причинско – последична врска затоа што овој период е специфичен и по бројот на детектирани т.н.„диви“ поштенски компании.
- Во изминатиот период Агенцијата за пошти откри 8 правни субјекти кои работат во поштенскиот бизнис без дозвола добиена од Агенцијата, од кои кај 3 субјекти спроведени се вонредни надзори (кај 2 од тие субјекти се констатирани прекршоци и поведени прекршочни постапки пред надлежен суд).Преостанатите ќе бидат предмет на надзор во наредниот период.
- Оваа активност и понатаму ќе биде на агендата на Агенцијата за пошти, и меѓудругото, во наредниот период ќе реализираме веб кампања "Зошто треба да се користат лиценцирани даватели на поштенските услуги", со акцент на:
- Затоа што тие нудат официјални услови за работа според кои ги извршуваат поштенските услуги;
- Тие носат ОПШТИ УСЛОВИ за обезбедување на поштенскиите услуги и формираат ЦЕНИ за услугите кои ги нудат, и она што е многу значајно,
- давателите овозможуваат и ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ појасно, лиценираните даватели ги штитат корисниците на поштенски услуги (испраќачите и примачи на пратки) со тоа што им даваат можност по претходно утврдени протоколи да го искористат правото за поднесување на рекламации и приговори кои се однесуваат на обезбедувањето на поштенската услуга.
- Во Агенцијата за пошти од почетокот на 2021 година поднесени се вкупно 30 претставки од корисници на поштенски услуги.
- Споредбено со минатата година, за овој период, бројот на поднесени претстави до Агенцијата е дуплиран. Изминатите години причините за малиот број на преставки беа лоцирани во ниската свесност за проблемот и недоволната информираност на корисниците на услугите. Овој проблем полека се надминува односно корисниците се повеќе пристапуваат кон поднесување на приговори и писмено комуницирање со Агенцијата. Овој напредок, нескромно но, можеме да го препишеме на веб-кампањата која Агенцијата за пошти ја спроведе во почетокот на 2021 година односно информативното видео – "Дознај ги своите права како корисник на поштенски услуги", кое е поставено на веб страната на Агенцијата, одреден период беше постирано на социјалните мрежи и портали и беше емитувано на првиот програмски сервис на националната телевизија.
- Во таа насока, изработивме Прирачник за поднесување на управен приговор до Агенцијата за пошти и Прирачник за поднесување на претставки и предлози до Агенцијата за пошти.Со информациите од овие Прирачници, на корисниците им овозможуваме поедноставено составувањето на претставката или управниот приговор, односно кои информации, податоци и писмени докази се неопходни и треба да ги достават и приложат при поднесување на претставката/приговорот. Истите можат да се најдат на веб страната на АП.