Лиценциран првиот модел кој на поштенскиот пазар на пакети ќе обезбедува интегрирани услуги како e-marketplace
Агенцијата за пошти на почетокот на јуни 2021 година издаде Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги, за работа во поштенскиот сектор со пакети на новиот давател на поштенски услуги Нарачај ДОО Скопје, локално на територијата на град Скопје.
Нарачај ДОО Скопје, познат на јавноста како е-платформа за нарачки и достава на готова храна од ресторани (naracaj.com), со влегувањето на поштенскиот пазар на пакети ќе обезбедува интегрирани услуги како e-marketplace. Станува збор за прв ваков модел во државава, инаку многу актуелен во европски и светски рамки.
Со проширувањето на портфолиото на своите услуги за испорака, преку диверзификација на продуктите и услугите, поточно преку употреба на техниката на зголемување на разноликоста на услугите, бизнис очекувањата на компанијата Нарачај ДОО Скопје, се дека ќе ги намалат вкупните трошоци на двете сродни услуги -достава на готова храна од ресторани и достава на поштенски пакети.
Овој бизнис модел на е-платформата на Нарачај ДОО Скопја, за заедничка продажба на услуги за посредување и услуги за достава, ќе биде и едноставен за управување, со оглед дека во ниеден од двата пазарни сегменти на физичка достава нема потреба од инвестиции во решенија за управување со залихи (за разлика од класичните, вертикално интегрирани онлајн трговци).
Агенцијата за пошти ќе ги следи натамошните чекори на развој на новиот давател на поштенски услуги Нарачај ДОО Скопје и неговото позиционирање на поштенскиот пазар.