ДОНЕСЕН СТРАТЕШКИ ПЛАН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ЗА 2022-2024 година

На 1-от состанок во 2022 година, одржан на 28.01.2022 година, Комисијата на Агенцијата за пошти на предлог на директорката го донесе Стратешкиот план на Агенцијата за пошти за периодот 2022-2024 година и Акциски план за негово спроведување.

Стратешкиот план на Агенцијата за пошти е документ кој ја дава визијата и мисијата на Агенцијата претставени преку стратешките цели за периодот 2022 – 2024 година. Во стратешкиот план дадени се и организационите принципи и вредности врз кои се засновува организирањето и функционирањето на Агенцијата.

Стратешките цели  подетално се разработуваат преку стратегиските приоритети и приоритетни цели на Агенцијата за периодот 2022-2024 година.Стратешкиот план претставува систематизиран пристап за реализација на стратешките цели, приоритети и приоритетни цели на Агенцијата за пошти за периодот 2022-2024 година. Стратешките цели на Агенцијата произлегуваат од Законот за поштенските услуги, ЕУ директивите и актите на Светскиот поштенски сојуз.

Во Стратешкиот план 2022-2004 година издвоени се 5 (пет) клучни стратешки цели на чија имплементација ќе работи Агенцијата во следните три години. Овие 5 (пет) стратешки цели во себе инкорпорираат повеќе стратегиски приоритети и приоритетни цели чија основна функција е олеснување на нивната имплементација.

Имплементацијата на стратешките цели, приоритети и приоритетни цели опфатени во Стратешкиот план на Агенцијата за пошти за 2022-2024 година ќе се реализираат со Акциски план за имплементација кој е составен дел на Стратешкиот план и ќе содржи  конкретни цели, задачи и активности

 

https://ap.mk/mk/strateshki-plan