ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ

Од 01.01.2022 година, настапи либерализација на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија.

Почнувајќи од 01.01.2022 година престанаа да постојат ценовните монополи за поштенските услуги за пратките за коресподенција  и пратките со директна пошта, со маса до 50 грама, односно резервираните поштенски услуги кои беа загарантирани со Законот за поштенските услуги.

            Гледано од страната на корисниците, либерализацијата во поштенскиот сектор значи можност и право на корисниците на поштенски услуги за избор на поштенски услуги и на давател на поштенски услуги, вклучително и на услугите за писмата до 50 грама, секој според своите потреби и според други критериуми (достапност, квалитет, флексибилност), а не само според цената.

            Должни сме да посочиме и дека АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје, со лиценца од највисок ранг - Индивидуална дозвола и натаму е давател на универзална услуга, со обврска да го извршува сетот на основни поштенски услуги, преку сопствената мрежа, низ целата територија на државата и во меѓународниот сообраќај по цени регулирани од Агенцијата за пошти.

Денес, понудата на поштенскиот пазар ја сочинуваат портфолијата на поштенски услуги на 42 приватни лиценцирани даватели на поштенски услуги и АД „Пошта на Северна Македонија„ Скопје како давател на универзалната услуга, или вкупно 43 даватели на поштенски услуги.