Известување до граѓани – корисници на поштенски услуги

 

Во текот на вчерашниот ден на 08.02.2022 година , националниот давател на поштенски услуги АД „Пошта на Северна Македонија“ на својата веб-страница објави Известување за корисници со кое информираше дека на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.

Од АД „Пошта на Северна Македонија“ известуваат дека друштвото не стои зад овие објави и дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

Почитувани граѓани, доколку на вашите електронски адреси добиете порака од АД „Пошта на Северна Македонија“со известување дека ви пристигнал пакет за кој треба да платите 10.2 денари како царински трошок, ви препорачуваме истата да ја игнорирате.

известување до граѓаните

( копија од пораката која содржи измамничка содржина)