Задоволството на корисниците на услугите на Агенција за пошти на високо ниво

Тимот за квалитет при Агенцијата за пошти дефинираше анкетен прашалник преку кој се измери задоволството на корисниците на услуги на Агенција за пошти.

Анкетните прашалници беа  доставени до корисниците на услугите  и давателите на поштенските услуги и истиот беше објавен на веб страницата на Агенцијата за пошти.

Врз основа на изработената анализа од менаџерот за квалитет за мерење на задоволство на корисници на Агенцијата за пошти согласно барањето 9.1 од стандардот ISO 9001:2015 – Систем за менаџмент со квалитет, вкупната оценка од задоволството е 4.6.

Како што можеме да заклучиме од реализираната Анкета, корисниците на нашите услуги се најзадоволни од комуникацијата со надлежните лица за постапување по вашите барања и од добиениот одговор согласно нивните барања.

Од спроведената анкета и добиените жалби и поплаки од корисниците на нашите услуги може да заклучиме дека задоволството на корисниците кои ги користат услугите на Агенција за пошти е на релативно задоволително високо ниво.  Во текот на 2022 година ќе превземаме мерки за подобрување на нашите услуги, презентирани во целите за квалитет на Агенцијата за пошти.

 

Задоволството на корисниците на услугите на Агенција за пошти