POSTBOX увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 31.03.2023 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за производство, трговија и услуги POSTBOX увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп.

Со Решение од   29.03.2023 година,  Агенцијата за пошти   го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   POSTBOX увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 46  став 4 и став 7 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што POSTBOX увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

POSTBOX увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп работеше во внатрешен поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија од 23.02.2022 година до 29.03.2023 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под број УП I бр.02-01.