Работна средба на директорката Аврамоска Ѓореска со генералната директорка на АД „Пошта на Северна Македонија“, Абази

Direktorki AP i Posta

Денес, во просториите на Агенцијата за пошти, директорката Билјана Аврамоска Ѓореска оствари работна средба со генералната директорка на АД "Пошта на Северна Македонија", Бујаре Абази и заменик генералниот директор, Ненад Јосевски.

На средбата стана збор за повеќе теми кои се однесуваат на работењето на давателот на универзалната услуга, а се разговараше и за надминување на одредени предизвици со кои се соочува АД "Пошта на Северна Македонија", а во интерес на нејзино поефикасно функционирање. На средбата се разговараше и за потребата од континуирана и посветена имплементација на правната и законската рамка, следењето на трендовите и најдобрите практики на поштенскиот пазар, а сѐ со цел обезбедување на поквалитетни и подостапни поштенски услуги за корисниците на поштенски услуги.

На средбата Аврамоска Ѓореска и Абази се договорија дека ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина за продолжување на веќе воспоставената соработката помеѓу Агенцијата за пошти и АД "Пошта на Северна Македонија".