ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 24.04.2023 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за трговија и услуги ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје.

Со Решение од   05.04.2023 година,  Агенцијата за пошти   го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје,  поради неисполнување на обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 2 и став 4 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

ЦИКЛО ПОШТА ДООЕЛ Скопје работеше во внатрешен поштенски сообраќај за подрачјето на град Скопје од 28.02.2018 година до 05.04.2023 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под број УП I бр.02-03/2018.