Работилница за споделување електронски напредни податоци (EAD)

На 13.06.2023 година се одржа работилница на тема „Споделување електронски напредни податоци (EAD) во Северна Македонија помеѓу Царинската управа и назначениот давател на универзалната услуга“ во организација на германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ преку програмата - Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија,со поддршка на ЦЕФТА. На работилницата присуствуваа претставници на Агенцијата за пошти, Царинската управа, АД „Пошта на Северна Македонија“, ГИЗ, како и експертите кои ја спроведоа работилницата Волтер Трезек и Мартин Фул.

На работилницата беа опфатени теми за техничките и оперативните способности на царинскиот орган и на давателот на универзалната услуга, за спецификацијата на поедноставена царинска постапка (усогласена со моделот на ЕУ), анализа на актуелните и целните работни текови, евалуација на барањата за редизајн, како и анализа и подготовка на мапирање на податоци (врз основа на ITMATT, H7, UN/CEFACT).

            Целта на проектот е преку заедничка соработка и споделување искуства да се дојде до воспоставување на понатамошни процедури и имплементирање на процесот на споделување на електронски податоци помеѓу Царинската управа и давателот на универзалната услуга, преку воведување соодветни апликативни решенија.