Учество на Агенцијата за пошти во крводарителска акција
![Krvodaritelstvo](/sites/default/files/styles/slide850/public/2023-07/Untitled-6-1000x560.jpg?itok=NLp58_ql)
Агенцијата за пошти ја означи својата традиција како општествено одговорна институција која го поддржува доброволното дарување крв кое претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Со крводарителската акција, која беше организирана во соработка со ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на град Скопје, Агенцијата даде придонес за здравствениот систем како општествено одговорна институција и промовирање на вредностите за подобро глобално здравје, спасување на животи и подобрување на туѓото здравје.
Вработените на Агенција за пошти несебично ја покажаа нивната хуманост на дело со дарување крв, се со цел подигање на свеста за доброволното дарување крв, а со тоа и спасување на животи и градење на солидарноста во нашето општество.
Агенцијата за пошти и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна институција која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани.
![Stan](/sites/default/files/2023-07/IMG_20230712_101105.jpg)
![Оки 7](/sites/default/files/2023-07/%D0%BE%D0%BA%D0%B8%207.jpg)
![Оки8](/sites/default/files/2023-07/%D0%BE%D0%BA%D0%B88.jpg)