Обврска за поставување куќни поштенски сандачиња од страна на корисниците на поштенските услуги

Поштенски сандачиња

Согласно член 55 од Законот за поштенските услуги секој корисник, односно примач на поштенските пратки е должен да обезбеди поставување и одржување на куќно поштенско сандаче на влез на семејна или индивидуална станбена зграда, односно на влез на деловен простор, во кое ќе бидат доставувани поштенските пратки.

Куќното поштенско сандаче треба да го носи бројот (адреса) на семејната или индивидуалната станбена зграда или бројот на деловните простории.

Куќните поштенски сандачиња треба да се одржуваат од страна на примачот на начин кој ќе обезбеди сигурна достава на поштенските пратки.

Давателите на поштенските услуги нема да вршат достава на поштенските пратки доколку не се обезбедени наведените услови и за истото се должни да ја известат Агенцијата.

Агенцијата за пошти согласно надлежностите за осигурување на обезбедување на универзалната услуга презема активности оваа законски дефинирана обврска на корисниците на поштенски услуги да биде целосно спроведена и да се создадат услови за безбедна достава на поштенските пратки што е интерес за сите субјекти на поштенскиот пазар.Неопходно е граѓаните да имаат поштенски сандачиња, со што овозможуваат да ги примаат своите пратки, избегнувајќи оштетувања што значително го влошува квалитетот на доставата.

Поставување на куќно поштенско сандаче значи квалитетна и сигурна достава на поштенските пратки.