Потпишан Меморандум за соработка со Народниот правобранител на Република Северна Македонија
Директорката на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска и Народниот правобранител на Република Северна Македонија, г-дин Насер Зибери потпишаа Меморандум за соработка, со кој се истакнува посветеноста на двете страни да работат заедно на полето за упапредување и заштита на правата на корисниците на поштенските услуги.
Потписниците на овој Меморандум се согласија да соработуваат во насока на остварување на правата на корисниците на поштенските услуги согласно Законот за поштенските услуги и Законот за народниот правобранител, како и во други области кои се директно или индиректно поврзани со заштита на правата на корисниците на поштенските услуги, како и во области за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.
Меѓусебно стручно ќе соработуваат и при постапување по претставки поднесени од правни субјекти или од граѓани кога правото им е повредено од правно лице при што поради ненадлежноста на Народниот правобранител на подносителите им се дава правен совет за заштита на правата и/или истите се препраќаат на надлежност на Агенцијата за поштиОмбудсманот и Агенцијата, како и при организирање и учество на конференции, тркалезни маси, работни средби и советувања.