Работна средба на директорката Аврамоска Ѓореска со директорот на ИСРСМ, м-р Џеват Кицара
Директорката Билјана Аврамоска Ѓореска оствари работна средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија – ИСРСМ, м-р Џеват Кицара.
Главна тема на средбата беше иницијативата на Агенцијата за пошти за формирање на Технички Комитет за поштенски услуги во рамките на ИСРСМ - Институт за стандардизација на Република Северна Македонија како национално тело за стандардизација на Република Северна Македонија. Техничкиот Комитет за поштенски услуги ќе биде надлежен за донесување и усвојување на национални стандарди, следење и учество во работата на европските технички комитети (CEN) и ќе дава предлози и мислења при подготовка на нови стандарди или измена на веќе постоечките од областа на поштенските услуги.
Аврамоска Ѓореска и Кираца меѓудругото посочија и дека одличната меѓусебната соработка ќе продолжи и во иднина.