Светскиот ден на поштите
Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.
Целта на Светскиот ден на поштите е да ја подигне јавната свест за улогта на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.
Поради тоа, земјите членки на Светскиот поштенски сојуз можат да организираат сопствени национални активности за одбележување на овој настан, вклучувајќи сè, од воведување или промоција на нови поштенски производи и услуги до организација на отворени денови во поштенските единици, поштенски центри и поштенски музеи.
За земјите кои учествуваат во Меѓународниот натпревар за пишување писмо на Светскиот поштенски сојуз, на националните победници најчесто им се врачуваат наградите на 9 октомври.
Темата за 2023 година е: „Заедно за Доверба: Соработка за безбедна и поврзана иднина“.
Порака од Генералниот директор на UPU: https://youtu.be/SBkhvGDM54E