Агенцијата за пошти на 2-от состанок на Контакт мрежата (CN)приГрупата на Европски регулатори за поштенски услуги (ERGP)

2023

На 20-ти октомври 2023 година во Солун, Република Грција се одржа 2-отсостанок на Контакт мрежата (CN)при Групата на Европски регулатори за поштенски услуги(ERGP), на кој учествуваа претставници од Агенцијата за пошти: директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителите на директорати од Стручната служба на Агенцијата, Горан Игнатовски и Данијела Спасиќ Томовска.

На состанокотучествуваа претставници на регулаторните тела од поштенската област на државите членки на Европската Унија, како и претставници на регулаторните тела од државите кои имаа статус на набљудувачи.На состанокот од страна на учесниците беа разгледани и одобрени документите и извештаите кои ќе бидат усвоени на претстојната 25-та пленарна седница на ЕРГП која ќе се одржи во месец ноември во Букурешт, Романија.Воедно,беше презентиран и Комуникацискиот план за 2024 година од страна на претставник на Шведската Управа за пошта и телекомуникации (PTS), којa ќе претседава со ЕРГП наредната година.