Спроведен редовен надзор над давателот на поштенски услуга БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје

Брза пратка

           Согласно член 73 и член 76 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, бр.150/2021 и 227/2022) и член 2 од Правилникот за начинот на вршење надзор и за формата и задолжителните елементи на записникот за извршениот надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/2011), врз основа на Годишната програма за вршење на надзор за 2023 година бр. 01-276/1 од 20.12.2022 година, Агенцијата за пошти спроведе редовен надзор, кај субјектот: БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје.

           Предмет на вршење на надзорот беше обезбедување на поштенските услуги согласно Законот за поштенските услуги и актите донесени врз основа на овој закон.

            За спроведениот надзор беше изготвен Записник УПI бр.02-151 од 28.11.2023 година и не беа констатирани прекршоци.