МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС за пишување на писмо на тема „Со 150 години, Светскиот поштенски сојуз им служи на луѓето ширум светот повеќе од осум генерации"
Од 1971 година, Светскиот поштенски сојуз ги охрабрува младите лица од 9 до 15 години да пишуваат писма на дадена тема и на тој начин да продонесат за подигнување на свеста кај младите лица за важната улога која поштенските услуги ја имаат во нашите општества. Самиот конкурс ги развива нивните вештини во изработка на структуриран состав и нивната способност јасно да ги изразат своите мисли. Исто така, поттикнува да се ужива во пишување на писма и помага при зајакнување на врските на меѓународното пријателство.
Секретаријатот на Светскиот поштенски сојуз, Меѓународното биро, на годишно ниво одбира тема и ја објавува секоја година. Земјите учеснички потоа го организираат конкурсот на национално ниво преку Поштата, често со поддршка од образовните институции и медиумите.
Во 2024 година учесниците ќе се поттикнат да размислат за иднината на светот преку темата: „Со 150 години, Светскиот поштенски сојуз им служи на луѓето ширум светот повеќе од осум генерации. Оттогаш, светот има доживеано огромни промени. Напиши писмо до идните генерации за светот за кој се надевате дека ќе го наследат.“
Одбраната тема ги поттикнува младите лица да ги изразат своите размислувања за тековните глобални предизвици и да предложат оригинални решенија. Приклучувајќи се кон Заедничката агенда на Обединетите нации (Common Agenda) со цел продлабочување на солидарноста помеѓу генерациите и осигурување на планета погодна за живот за иднината, темата им овозможува на младите лица да се потпрат на принципите дадени во Агендата за одржлив развој 2030 година (2030 Agenda for Sustainable Development), обезбедувајќи рамка за нивните визии за подобар свет.
Меѓународна жири комисија одбрана од страна на Меѓународното биро ги оценува писмата и ги одбира севкупните победници и кандидатите кои заслужуваат посебно спомнување.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.upu.int/en/Home/