Работен состанок на експертската група за достава на пакети на ЦЕФТА
На 06 декември 2023 година, во Подгорица, Црна Гора се одржа работен состанок на ЦЕФТА експертската група за достава на пакети, на кој учество земаа претставници на 7 земји членки на ЦЕФТА, меѓу кои и претставници на Агенцијата за пошти и Министерството за транспорт и врски, Данијела Спасиќ Томовска и Блерта Вејсели.
На состанокот од страна на Секретаријатот на ЦЕФТА беше презентиран Акциски план за понатамошното функционирање на работната група на ЦЕФТА, додека претставниците на секоја земја членка ги презентирани своите планови за примената на Регулативата за меѓународна достава на пакети како основа за добар регионален развој и соработка.
Воедно, на 07 декември од страна на Црна Гора како претседавач на ЦЕФТА за 2023 година беше организирана конференција „Недела на ЦЕФТА - Сlick, Сonnect and Trade“. Конференцијата официјално ја отвори Заменик за претседателот за економска политика и министер за економски развој, г-дин Ник Ѓелошај кој во своето излагање се осврна од клучните активности на ЦЕФТА во 2023 година, како и на предизвиците со кои се соочуваме. На конференцијата беа организираа неколку панел дискусии поврзани со е-commerce и трговија, на кои се разменија искуства од страна на државите членки на ЦЕФТА но и организациите кои работат во проблематиката на е- commerce и развој. На конференцијата свое онлине обраќање имаше и г-ѓа Нина Ангеловска, Претседателка на е- commerce асоцијацијата на Република Северна Македонија.
Во 2024 година, Република Србија ќе биде претседавач на ЦЕФТА и за време на своето претседателствување акцент ќе бидат можностите за спроведување на Акцискиот план за заеднички регионален пазар и планот за раст на ЕУ.