Донесена Годишна програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2024 година

1

Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишна програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2024 година.

Надзорот кој може да биде редовен, вонреден и контролен, ќе се врши  над спроведување на одредбите на Законот за поштенските услуги, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:

  • пристапот до универзалната услуга;
  • квалитетот на обезбедување на универзалната услуга;
  • обезбедување пристап до поштенската мрежа;
  • примена на цените на универзалната услуга;
  • имплементација на сите акти донесени од страна на Агенцијата, и
  • над други работи утврдени со овој закон и над прописите и другите општи акти донесени врз основа на него.

 

Годишна програма за вршење на надзор на Агенција за пошти за 2024 година