Покана за присуство на 21-ви Јавен состанок на Агенцијата за пошти
Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 21-ви Јавен состанок, кој ќе се одржи на 22.12.2023 година (петок) со почеток во 11 часот во конференциската сала на Хотел Мериот во Скопје.
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.
Јавниот состанок ќе го има следниот дневен ред:
- Воведно излагање и рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти за 2023 година;
- Анализа на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија за I-во полугодие од 2023 година;
- Планови и идни проекти.
Во прилог е Агендата за настанот.
Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса [email protected] или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 21.12.2023 година (четврток).