Спроведен вонреден надзор над правен субјект кој обезбедува поштенски услуги без Општо овластување од Агенцијата за пошти
25.12.2023
Согласно член 73 став 2 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект МЈМ Деливери ДООЕЛ Скопје поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.
За спроведениот вонреден надзор, составен е Записник бр. УП.1.бр.02-154, констатирани се прекршоци за правното лице и за одговорното лице, за обезбедување поштенски услуги без Општо овластување од Агенцијата, спротивно на член 38 став 1 од ЗПУ и казниво по член 80 ст.1 ал.4 и став 2 од ЗПУ.