БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

 

БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги.

Агенцијата за пошти го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за производство, трговија и услуги БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје.

Агенцијата за пошти  го укина Општото овластување на давателот на поштенски услуги   Брза Пратка ДОО Скопјепоради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 45  став 4 од Законот за поштенските услуги, со Решение бр. 02-289/8 од   28.11.2025 година. Од тој датум Брза Пратка ДОО Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Поради губење на статусот на давател на поштенски услуги, Брза Пратка ДОО Скопје е избришан од службената евиденција на даватели на поштенски услуги, согласно член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги.

Друштвото за производство, трговија и услуги БРЗА ПРАТКА ДОО Скопје, работеше во поштенскиот сектор од 14.04.2015 година врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти УпI бр. 02-02/2015 за обезбедување поштенски услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај, и претходно од 30.04.2010 година.