Одржана втора регионална конференција на тема Електронска трговија и поштенските услуги

Одржана втора регионална конференција на тема Електронска трговија и поштенските услуги

На 5 и 6 јуни 2013 год. во Арангеловац, Република Србија се одржа втората регионална конференција на тема „ Електронска трговија и поштенски услуги“. Конференцијата се одржа под организација на Републичката агенција за поштенски услуги на Србија под покровителство на Министерството за меѓународна и внатрешна трговија и телекомуникации и Министерството за финансии и економија на Република Србија.

Темата на оваа конференција се утврди на првата регионална конференција која се одржа во Скопје на 14 јуни 2012 год. на тема „Процеси на либерализација на поштенските пазари- предности и предизвици “.

Во работата на конференцијата учествуваа претставници од ресорните министерства на Романија, Бугарија и Србија, претставници од националните поштенски оператори и регулаторни тела за електронски комуникации и пошти од Германија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Република Српска, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Во работата на конференцијата исто така учествуваа поштенски оператори од Србија, Царински управи од Словенија и Србија, и претставници од Сообраќајниот факултет за технички науки од Нови Сад. 

На конференцијата присуствуваше и претседателот на Европскиот комитет за поштенска регулатива CERP господинот Ulrich Dammann.

Активно на конференцијата имаа и претставниците од Агенцијата за пошти на Р. Македонија. Раководител на сектор за правни и општи работи Олга Манчевска имаше  презентација на тема  „Активности на Агенцијата за пошти на Р. Македонија во насока на унапредување на законската рамка која се однесува на електронската трговија“ и Раководител на сектор за меѓународна соработка Љубиша Митевски со презентација на тема „ Регионален развој на електронската трговија – бариери и солуции за развој на меѓународните пакетски услуги на регионално ниво“.

На конференцијата се разгледа улогата на електронската трговија од различни аспекти и тоа поим и значење со развој на електронската трговија во контекст на поштенската мрежа и влијанието на поштенски услуги во развојот на електронската трговија. Воедно на конференцијата се разгледа и влијанието на царинските постапки и довербата и заштита на правата на корисниците во насока на развој на електронската трговија.

Со цел за размена на најдобрите практики кои ќе допринесат за понатамошен развој на електронската трговија на национално и регионално ниво, на конференцијата беа разгледани следните тематски целини:

-          Поштенски услуги особено доставување на пакети, царински процедури и шпедитерски услуги

-          Состојба на електронската трговија на национално и регионално ниво, искуства на електронските трговци и заштита на правата на корисниците.    

Врз основа на презентациите и дискусиите на учесниците на Конференцијата може да се детектираат следните бариери кои имаат влијание врз понатамошниот развој на електронската трговија на регионално ниво:

  1. Зголемување на квалитетот на преносот на поштенските пакети во национални и регионални рамки
  2. Трошковно ориентирани цени на поштенските услуги со осврт на системот терминалните трошоци ориентиран кон реални трошоци и квалитет на услугите во меѓународниот поштенски сообраќај.
  3. Усогласување  со поедноставување на царинските процедури во насока на одредбите предвидени со Меморандумот за меѓусебна соработка потпишан помеѓу Светската царинска организација WCO и Светскиот поштенски сојуз UPU.
  4. Воведување на електронски систем за следење на пратките на интернет и онлајн услуги.
  5. Поедноставување на националните законодавства во делот на електронската трговија.  
  6. Овозможување на меѓународни плаќања преку интернет во делот на електронската трговија во увоз и извоз.
  7. Заштита на правата на корисниците во делот на електронската трговија и поштенските услуги
  8. Подобрување на односите на поштенските оператори со трговците и со корисниците на електронската трговија.
  9. И други бариери кои го оневозможуваат понатамошниот развој на електронската трговија на национално и регионално ниво.

Во насока на отстранување на бариерите за развојот на електронската трговија во меѓународни рамки на конференцијата беа презентирани и главните заклучоци наведени во Зелената книга објавена од Европската комисија која се однесува на интегрирана достава на пакетите на пазарот за понатамошен развој на електронската трговија во земјите на Европската унија.

Темата и земјата во која ќе се одржи наредната трета регионална конференција во 2013 год. дополнително ќе биде одредена.   

Повеќе: