Агенцијата за пошти е независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, правно лице основано со Законот за поштенските услуги, како самостојно и непрофитно правно лице, кое врши јавни овластувања.
Агенцијата за пошти започна со работа во јули 2008 година.
Основач на Агенцијата за пошти е Собранието на Република Северна Македонија.
Имотот и средствата за работа на Агенцијата се сопственост на Република Северна Македонија, кои ги користи и со нив управува Агенцијата.
Седиштето на Агенцијата за пошти е во Скопје.
Агенцијата за пошти како независно регулативно тело со надлежности и овластувања се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на поштенски услуги, со цел заштита на правата на корисниците на поштенските услуги.
Целта на Агенцијата за пошти е да создаде подобри поштенски услуги.
Наша мисија е
√ промовирање на ефективна и одржлива конкуренцијата и обезбедување на фер пазарни услови во секторот;
√ креирање на модерен и ефикасен поштенски сектор, кој ќе нуди квалитетни поштенски услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен економски развој во земјата, и
√ заштита на правата на корисниците на поштенските услуги.