Изработени Прирачници со кои на корисниците на поштенските услуги ќе им биде поедноставено составување на управен приговор, претставки и предлози до Агенцијата за пошти
Обезбедувањето на јасни и целосни информации за условите на користење, пристап и ефикасно постапување по претставките и управните приговори за работењето на давателите на поштенските услуги е континуиран приоритет на Агенцијата во насока на унапредување на достапноста и квалитетот на поштенските услуги за сите корисници.
Во таа смисла, важно е и превентивното дејстување на Агенцијата кон корисниците на поштенските услуги во насока на нивно информирање и едуцирање, при што Агенцијата користи различни начини за комуникација и редовно објавување на информации во интерес на корисниците на поштенските услуги.
Во насока на исполнување на законските цели, пред се на заштитата на интересите и правата на корисниците на поштенските услуги, Агенцијата за пошти изработи:
- Прирачник за поднесување на управен приговор до Агенцијата за пошти
- Прирачник за поднесување на претставки и предлози до Агенцијата за пошти
Со информациите од овие Прирачници, на корисниците ќе им биде поедноставено составувањето на претставката или управниот приговор, бидејќи на некој начин тие ќе бидат насочувани од Агенцијата за тоа кои се неопходни информации, податоци и писмени докази треба да ги достават и приложат при поднесување на претставката/приговорот.