РСЕ ОПТИМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје не е повеќе давател на на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 31.12.2021 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги РСЕ ОПТИМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
По примена Нотификација за престанок со обезбедување на поштенски услуги од РСЕ ОПТИМА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на 31.12.2021 година, Агенцијата за пошти откако констатира дека се исполнети законските услови за престанок согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги, ги избриша податоците за овој давател од службената евиденција за даватели на поштенски услуги на Агенцијата за пошти, со што РСЕ ОПТИМА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
РСЕ ОПТИМА ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 12.12.2008 година до 31.12.2021 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти (последно под УП I бр.07/2014),за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на територија на целата држава и во меѓународниот поштенски сообраќај.