Извештај на Европската Комисија за примена на Директивата за поштенски услуги (Директива 97/67/ЕC изменета со Директивата 2002/39/ЕC и 2008/6/ЕC)

Регулаторната рамка која ги регулира поштенските услуги постои повеќе од 20 години. Директивата 97/67/EC („Директива за поштенски услуги“) стапи на сила во 1997 година. Нејзината цел беше да обезбеди усогласување на националните обврски за универзална услуга, а во исто време постепено воведување на конкуренција во секторот на поштенските услуги, особено во однос на услугите за писма кои традиционално беа резервирани за националните поштенски оператори. Истата беше изменета во 2002 година за да се обезбеди понатамошно отворање на пазарот, а повторно во 2008 година за целосно отворање на пазарот. Со исклучок на овие две измени и Регулативата за меѓународна достава на пакети усвоена во 2018 година за да се обезбеди поголема транспарентност и регулаторен надзор во однос на услугите за испорака на пакети, рамката за поштенски услуги на ниво на ЕУ е останата иста од 1997 година. Сепак во овој период, пазарите на поштенски услуги претрпеа голема промена во воглавно предизвикана од технолошките иновации, дигитализацијата и е-трговијата. Писмата сè повеќе се заменуваат со електронска комуникација, особено во контекст на е-влада. Дополнително, многу традиционални испраќачи на масовна пошта (на пример, банки, комунални претпријатија) се одлучија за електронска комуникација по финансиската криза. Во исто време, е-трговијата доведе до значително зголемување на услугите за испорака на пакети. Оваа трансформација, која стана сè поочигледна за време на пандемијата Ковид-19, имаше влијание и на побарувачката и на понудата во сите земји членки, иако во различен степен.

Поттикнати од фундаменталните промени во однос на пазарот, Европската комисија спроведе ex-post евалуација за да оцени дали Директивата за поштенски услуги ги постигнала своите цели, дали сè уште е погодна за целта и одговара на сегашните и идните потреби на поштенските корисници и оператори.

Овој извештај е изготвен во согласност со член 23 од Директивата за поштенски услуги и ги презентира главните наоди од евалуацијата. Главниот заклучок на Извештајот е дека одржувањето на некоја форма на универзална поштенска услуга за сите граѓани на ЕУ е оправдано, иако со соодветно ниво на флексибилност за земјите членки да креираат поштенски политики на национално ниво. Истовремено, врз основа на достапните докази, евалуацијата ги идентификуваше прашањата кои не се доволно рефлектирани во тековната Директива за поштенски услуги или каде што Директивата не ги даде очекуваните резултати: придобивките од универзалните поштенски услуги за општеството се намалуваат додека обезбедувањето универзални услуги станува сè поскапо, постигнувањето внатрешен пазар и стимулирање на ефективна конкуренција во сегментот на писма не се одвива во предвидениот опсег; и стандардите не се доволно искористени; ова ја намалува правната сигурност и може да доведе до проблеми со интероперабилноста.

Дополнително, додека фокусот на регулаторната интервенција традиционално беше на услугите за писма, дигитализацијата на општеството и растот на е-трговијата сè повеќе ги направија услугите за испорака на пакети главен фокус на внимание на поштенските оператори и креаторите на политиките. Во овој контекст, големите разлики во цените помеѓу тарифите за домашна и меѓународна испорака на пакети заслужуваат особено внимание, бидејќи тие можат да го загрозат.

ЗАКЛУЧОЦИ И ПЕРСПЕКТИВА

За да се осигури дека поштенските оператори и корисниците можат целосно да имаат корист од технолошкиот развој, иновациите и е-трговијата, истовремено обезбедувајќи континуирано обезбедување на пристапна и висококвалитетна универзална услуга, пожелно е, врз основа на евалуацијата и искуството на повеќе од 20 години на примена на Директивата за поштенски услуги, во иднина да се истражува потенцијалното прилагодување на регулаторната рамка на начин кој исто така ќе ги обезбеди неопходните услови за поштенската услуга на ЕУ да продолжи ефикасно да ја игра својата улога во економијата. Сите такви чекори, исто така, мора да бидат усогласени со ЕУ и да ги поддржуваат хоризонталните акции на ниво на ЕУ преземени во контекст на Зелениот договор на ЕУ и Дигиталната агенда на ЕУ.

Интегрално целиот Извештај:

https://ec.europa.eu/growth/system/files/2021-11/Report%20on%20the%20ap…

 

Извештај за примена на директивата за поштенски услуги