Изготвен Статистички извештај за второ полугодие за 2021 година
Развој на поштенскиот сектор и на нејзината регулаторна рамка под влијание на постојната брзо растечка дигитализација, а врз основа на направените анализи и нејзината импликација на поштенскиот сектор претставува основа за понатамошни промени во поштенската рамка насочена кон пазарните потреби и корисничко ориентирани услуги.
Податоците содржани во извештаите за обезбедување на поштенски услуги, кои давателите на поштенските услуги ги доставуваат два пати годишно, Агенцијата за пошти ги користи за изготвување на анализи за состојбата на пазарот на поштенски услуги.
Статистичкиот Извештај за второто полугодие на 2021 година содржи податоци за обемот и видот на пратките, за подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.
Воедно, Извештајот ги илустрира состојбите на поштенскиот пазар, комбинирајќи ги податоците од второто полугодие од 2021 година, со компаративен пристап на податоците од првото полугодие од 2021 година и на тој начин дава слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор, изминатата година.