Состанок на Работната група за корисници на поштенски услуги и суштински индикатори на ЕРГП

ERGP

Состанок на Работната група за корисници на поштенски услуги и суштински индикатори на ЕРГП

 

На 2-ри и 3-ти март 2023 година во Љубљана, Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги на Република Словенија ( AKOS - https://www.akos-rs.si/ ), беше домаќин на состаноците на Работната група за корисници на поштенски услуги и суштински индикатори на Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП) .

На состаноците учествуваа експерти од повеќе земји, кои разменија знаењa и добри практики од областа на поштенските услуги. Исто така, од страна на учесниците беше разгледана и усвоена структурата и содржината на работните прашалници. Податоците кои ќе се добијат од прашалниците  ќе бидат објавени во Извештајот на ЕРГП за суштинските пазарни индикатори и извештајот за квалитет на услугите, заштита на потрошувачите и постапувањето по рекламации.

На состаноците како претставник на Агенцијата за пошти учествуваше Ана Ковачевска, раководител на директоратот за заштита на правата на корисниците и односи со јавноста.

.

 

Состанок на Работната група за корисници на поштенски услуги и суштински индикатори на ЕРГП