Одобрена Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година

Slika -gp2023

Врз основа на членот 12 став 4 од Законот за поштенските услуги(,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 14 јуни 2023 година донесе Одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година.

Согласно членот16став1алинеја 8 од Законот за поштенските услуги, Комисијата како орган на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на состанокот одржанна 28 ноември 2022 годинаја усвои Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година бр. 01-249/5 од 28.11.2022 година,и истатаво законски предвидениот рок ја достави до Собранието на Република Северна Македонијана одобрување.

Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година содржи:

ŒПрограма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година;

Финансиски план на Агенцијата за пошти за 2023 година,и

ŽОдлука за определување на вредноста на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2023 година.

Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2023 година е основен документ на Агенцијата за пошти во која се утврдуваат мерките и активностите кои ги реализира Агенцијата во насока на уредување на својата работа и иницијативите кои ги презема за развој и унапредување на пазарот на поштенските услуги. Годишната програма опфаќа 6 стратешки цели, кои произлегуваат од процесот на тековното работење, и се во согласност со домашната регулатива, меѓународните практики и претходните искуства. Овие 6 цели ги покриваат сите важни области во остварување на законските надлежности,и нивното спроведување ќе овозможи унапредување на поштенскиот сектор, како и вклучување на концептот на транспарентност и интегритет во најважните аспекти од работењето на Агенцијата за пошти.